Берлин: оддадена почит на Р. Луксембург и К. Либкнехт; европската левица се обединува
12 јануари 2004Реклама
Берлинчани, продолжувајќи ја долгогодишната традиција, вчера им оддадоа почит на работничките водачи Роза Луксембург и Карл Либкнехт, убиени од војници на десничарски доброволни одреди во 1919-та година. Венци на гробот на соосновачите на германската комунистичка партија положија двете пратенички во Бундестагот на ПДС - Партијата за демократски социјализам, Петра Пау и Гезине Леч, заедно со Ханс Модро, почесен, и Лотар Биски, актуелен претседател на партијата. "Ова е внатрешна потреба, а не работа која може да се организира. Многу луѓе доаѓаат индивидуално и од лични побуди им оддаваат почит на Роза и Карл. Тоа е една добра берлинска традиција", оцени Биски. 25 илјади луѓе го следеа примерот на политичарите. "Ова, би рекол, не е само од навика, туку ние и го сакаме. Сакаме да покажеме дека луѓето на кои им оддаваме почит, за нас се достојни за почитување, па тоа и го правиме", рече еден од учесниците. Тоа беа претежно постари лица, меѓутоа сепак имаше и млади луѓе: "Мене ме интересира животот и делото на Роза Луксембург и Карл Либкнехт. Сметам дека е оба убав спомен на двајца луѓе кои смело се бореле против фашизмот, но кои се залагаа и за еден праведен свет. Сметам дека е тоа и денес актуелно", рече еден од помладите.
Вчера изутрината поворка од 10 илјади демонстранти продефилира по берлинските улици во насока кон спомен-обележјата. Доминираше црвената боја, се вееја знамиња со портрети на Луксембург и Либкнехт, но и на Ленин. Заедничките проблеми, како реформата на здравствениот систем и кратењата во социјалата и образованието, ги здружија младите и старите, иако официјално протестот беше насочен против национализмот, антисемитизмот и политиката на моќ на САД.
Во Берлин вчера 11 социјалистички и комунистички партии од цела Европа потпишаа проглас за основање заедничка европска левичарска партија, чии централни цели ќе бидат поголема социјална праведност и отфрлање на војната и вооружувањето. Основачкиот конгрес треба да се одржи во април, најави претседателот на ПДС Лотар Биски по дводневниот собир на кој учествуваа 19 партии: "Насекаде има преголема коалиција која смета дека мора да се крати кај социјално слабите - и општеството повторно ќе се опорави. Ние на тоа гледаме поинаку, сакаме да ги зачуваме основите на социјалната држава и ќе предложиме алтернативни реформи", рече Биски.

Реклама