Аврамопулос бара име што нема да поттикнува национализам
2 декември 2012Грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос повтори дека Атина предложи потпишување на Меморандум за разбирање со што „ја поврати иницијативата и кој има за цел да го зајакне процесот на преговори што се води во рамките на ОН“.
„Со конкретни предлози и чести контакти притискаме за решение кое ќе ги почитува историјата и културата на двете земји и нема да остави простор за национализам“, рече Аврамопулос.
Според него, финансиската криза што ја зафати Грција го отежнала и спроведувањето на надворешната политика воопшто.
„Но сега земјата се враќа со иницијативи, присуство, глас и углед на меѓународната арена“, нагласи шефот на грчката дипломатија, додавајќи дека главна цел на надворешната политика сега е „да се нагласи стабилизирачката улога што Грција ја има во пошироката геополитичка средина“.